Фудбалерите на Астон Вила ја продолжија серијата без пораз од пет натпревари и покажаа дека се во добра форма, откако вечерва триумфираа на гостувањето кај Челзи со 2:0.

Стрелци на головите беа Оли Воткинс во 18.минута, по едно недоразбирање на домашните играчи од одбраната. Конечните 2:0 ги постави Џон Мек Гин со прецизен удар надвор од 16-тникот.

Со новите три бодови и со вкупно 41 Астон Вила се искачи на 9.то место на табелата, додека Челзи со 38 бод е на 11.та позиција.