Бранителот на трофејот во Шпанскиот Куп, екипата на Барселона е првиот полуфиналист во годинашното издание.
Барселона, на гости, ја совлада екипата на Албасете со 2-1, во првиот четвртфинален натпревар.
Иако Барселона доминираше на теренот и ја контролираше топката во најголем дел од натпреварот, сепак Албасете одигра храбро и го изнамачи фаворитот.
Ламин Јамал постигна гол во 38-та минута и донесе водство за Барселона. Роналд Араухо зголеми на 2:0 во 56-та минута со прецизен удар. Но тоа не го поколеба домашниот тим кој тргна со сите сили кон голот на Каталонците. Таквата игра донесе резултат кога Морено во 87.минута намали на 1-2.
На спротивната страна Феран Торес постигна гол, но беше поништен поради офсајд. Во судиското дополнение Албасете имаше две шанси за израмнување, но голманот на Барса, Гарсија не го дозволи тоа.
Барселона останува фаворит за одбрана на трофејот и продолжува со одлична форма. Останатите три четвртфинални двојки се: Валенсија – Атлетик Билбао, Алавес – Реал Сосиедад и Бетис – Атлетико Мадрид.





































