Ракометарите на Вардар во вториот дел од сезоната, освен обврските на домашната, македонска, сцена ги чека и настап на европската.

Вардарци ќе играат во втората, главна, фаза на ЕХФ Европската лига, во група со Бенфика, Мелсунген и Кристијанштад.

Во 1.коло црвено-црните ќе гостуваат во Лисабон кај Бенфика на 17 февруари. Наместо во првично закажаниот термин од 20,45 часот, мечот ќе се игра со почеток од 18,45 часот.

Причината за промената е поклопување на терминот со натпревар од фудбалската Лига на шампионите на УЕФА. Имено во терминот од 21 часот, е закажан и дуелот од 1/16-финалето меѓу Бенфика и Реал Мадрид. Фудбалот секако е во прв план, па затоа е направена корекција на почетокот на ракометниот дуел.

Следете нé на социјалните мрежи