Во еден од највозбудливите натпревари оваа сезона, белградски Партизан успеа да го совлада лидерот на табелата, Хапоел Тел Авив, со резултат 104:101 по едно продолжение.
Иако натпреварот се водеше како домашен за „црно-белите“, тој се одигра во Минхен (БМВ Парк) поради зафатеноста на Белградската арена со Европското првенство во ватерполо.
Натпреварот беше обележан со неверојатен пресврт ќ. Партизан во еден момент губеше со дури 27 поени разлика (37:64) во третата четвртина. Но, црно-белите со фанатична игра успеа да се врати и да изборат продолжение, се на крајот да се радуваат на победа.
Најефикасен играч го победничката екипа беше Камерон Пејн со 19 поени, Стерлинг Браун постигна 13 поени од кои клучни 8 во продолжението. Кај Хапоел Тел Авив, прв стрелец беше Василије Мициќ со 19 поени, а Ден Отуру постигна 17.
И покрај поразот, Хапоел Тел Авив останува на врвот на табелата поради подобра кош-разлика во однос на Фенербахче, додека за Партизан ова е втора последователна победа со која ги задржува теоретските шанси за плеј-ин турнирот.





































