Македонија одигра ,,реми” со Португалија во вториот натпревар на Европското првенство.
Иако уште во првиот дел селекторот Лазаров се соочи со проблеми поради повреди, сепак најде решение.
Неговите избраници покажаа карактер и желба да се борат за светиот дрес на репрезентацијата.
По натпреварот Лазаров истакна.
„Не знам дали смеам да кажам што ми е на душа бидејќи треба да бидам претпазлив да не навредам некого. Ние сме мала земја и многу сме деградирани. Ова не е алиби, но видовте сами. Ќе биде тешко во иднина да се бориме со вакви работи.
Јавноста нé сака и поддржува, а тоа ме води. Од срце и душа им честитам на моите играчи што направија против полуфиналистот на претходното првенство“, изјави Лазаров.
Задачата на Лазаров и ракометарите ни од далеку не е завршена. Претстои дуелот со Романија која треба да биде совладана со голема разлика. Но, ќе зависиме и од вториот натпревар во кој ќе навиваме Данците да ја декларираат Португалија. Натпреварите ќе се играат во вторник.

































