Македонската кик-бокс, Маи таи федерација отпатува за Белград каде ќе настапи на Европскиот куп „Србија Опен“ што ќе се одржува во наредните денови.
Нашата репрезентација е составена од 117 членови од кој 90 натпреварувачи и 27 тренери.
Репрезентацијата ја предводи Претседателот на федерацијата, Дејан Митровски – Урко кој истакна дека овие натпревари како европскиот и светскиот куп, на кој учествуваат голем број на натпреварувачи, а пред се најквалитетните борци, се како во случајов од европските земји, се добар тест за напите кик-боксери, да видиме до каде се подготвени, но и се добро дојдени за стекнување на нови искуства и рутина борејќи се со искусни борци.
македонските кик-боксер, секогаш скромно заминуваат на големите натпреварувања, од каде најчесто се враќаат со медали, па и овој пат очекуваме дека ќе биде така, но најважно од се е достојно што ја презентираат нашата држава.