Првиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Андон Дончевски од денеска и официјално е дел од Великаните на македонскиот спорт.

Имено, денеска во просториите на Македонскиот Олимписки Комитет, беше популарниот „чичко“ Дончо како го нарекуваа бројните македонски асови кои Дончевски ги предводеше, како ви дресот на скопски Вардар, така и пред се во црвено-ќолтиот дрес на репрезентацијата на Македонија.

Човекот кој остави голем  белег во македонската фудбалска, но би рекле и воопшто спортска историја, од денеска и официјално е дел од „куќата на славните“. 

Претседателот на МОК, Даниел Димевски го прогласи Дончевски за почесен член на Македонскиот олимписки комитет, а во име на Асоцијацијата на спортски новинари на Југоисточна-Европа, почесниот претседател на МОК, г-динот Васил Тупурковски му ја врачи наградата “Спортски великан на Македонија”.

Неодамна, Дончевски направи прекрасен гест поседувачи ја македонската фудбалска селекција пред стартот на евро-квалификацискиот циклус, и со нему препознатлив стил, дополнително ги мотивираше македонските фудбалери, да извојуваат победа над Малта.