Екипата на Манчестер Сити изби на првото место на табелата во англиската Премиер лига.

Популарните „граѓани“ го совладаа Вест Хем со 3-0, а стрелец на два гола беше Ерлинг Халанд.

На натпреварот одигран на стадионот „Етихат“, домашната публика виде три гола во противничката мрежа, а можеше и повеќе.

Уште во петата минута Халанд го отвори резултатот, а во 38-та Рајднерс зголеми на 2-0. Норвешкиот репрезентативец својот втор, а трет гол за Сити го постигна во 69-тата минута. До крајот на натпреварот, избраниците на Пеп Гвардиола имаа уште неколку шанси, а Халанд пропушти две да впише хет-трик.

Со оваа победа, Манчестер Сити сега е прв на табелата со еден бод повеќе од Арсенал, кој вечерва гостува кај Евертон.

Следете нé на социјалните мрежи