Последното коло од првиот круг во Супер лигата, ќе биде особено интересно и поради тоа што по неговото завршување следува и првиот „пресек“. Тој треба да ги одреди учесниците во првата (елиминациска) фаза од натпреварите во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Согласно со системот за натпреварување, првопласираните четири екипи ќе бидат слободни. Екипите од 5 до 12 место ќе играат квалификации (еден натпревар) за пласман во четвртфиналето, според принципот (5-12, 6-11, 7-10 и 8-9). Тој натпревар кој ќе се игра на теренот на подобро пласираната екипа.

Согласно со актуелниот пласман, три екипи, ТФТ (скор 9-1), МЗТ Скопје Аеродром (9-1) и Пелистер (6-3) се практично во четвртфиналето од Купот. Остануваат уште четири екипи, МКК Куманово (6-4), Кожув (6-4), односно Маџари (5-5) и Работнички (5-5), кои се со шанси да дојдат до позицијата 4, последната што носи четвртфинале.

Оваа 11-та рунда ќе биде отворена денеска со натпреварот ТФТ – Тиквеш.

Останатите на програмата се во текот на викендот, а двојките се:

КОШАРКА (МАЖИ) СУПЕР ЛИГА 11. КОЛО

петок
17.00 ТФТ – ТИКВЕШ
сабота
15.30 АНГЕЛИ – МАЏАРИ
17.00 ФЕНИКС – ГОСТИВАР
18.00 МКК КУМАНОВО – РАБОТНИЧКИ
18.30 ПЕЛИСТЕР – КОЖУВ
недела
13.00 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ЧАИР