Репрезентацијата на Хрватска по несреќното реми во саботата во Сплит со Велс 1:1 вечерва ја покажа својата сила и во дуелот од Д групата ја победи Турција во Бурса со 2:0.
Победникот беше решен во првиот дел, а третопласираната селекција од последното Светско со рутинирана игра го зачува водството.
Во периодот на иницијатива на турската репрезентација и три не реализирани зрели шанси благодарение и на одбраните на голманот Ливаковиќ, Хрватска успеа да дојде во водство откако една долга акција во 20-та минута Матео Ковачиќ ја заврши со гол.
Истиот фудбалер беше стрелец и на вториот гол за Хрватска, откако по контрата голманот Мерт го одбрани ударот на Пашалиќ, а на вистинското место беше Ковачиќ да ја смести топката во мрежата.
По две кола во Д групата Велс и Хрватска се на првите две места со по 4 бодови, следи Турција со 3, додека Ерменија и Летонија со по еден натпревар се без бод.