Македонскиот првак Струмица го заврши настапот во европските купови сезонава. Струмичани со четири порази на исто толку натпревари ја завршија сезоната.
Тие вечерва, пред својата публика се поразени во реваншот од првата рунда од ЦЕВ купот од екипата на Јихострој Чешке Будејовице . Тимот од Чепка како првиот, така и денешниот меч го доби во три сета со 0:3 (17:25, 15:25, 19:25).
Јован Милев и Кристијан Илијев освоија по седум поени, Филип Маџунков реализираше шест, додека Владо Милев запиша пет поени зад своето име.
Сериозно подмладениот тим на Струмица европската сезона ја завршува со четири порази. Два од нив беа претходно во квалификациите за Лигата на шампионите од Динамо Букурешт.
–




































