Македонската фудбалска репрезентација која беше слободна во 2.коло од квалификациите за Европското првенство 2024 година, овој репрезентативен термин ќе го искористи да контролен дуел.
Имено, попладнево Македонија ќе одигра пријателски натпревар со репрезентацијата на Фарските Острови.
Селекторот Благоја Милевски, кој на вчерашната прес конференција најави дека нема да смета на повеќемина стандардни репрезентативци, попладнево шанса ќе им даде на повеќемина играчи кои имаат помала минутажа во националниот тим.
така Милевски во однос на квалификацискиот меч до Малта кој црвено-жолтите го добија со 2-1, направ и дури шест измени во почетниот состав за денешниот дуел до Фарските Острови што ќе започне од 18 часот.