Екипата на Ѓорче Петров денес го одигра натпреварот од третото коло во Европскиот куп против шпанскиот тим Елче. Нашите ракометарки покажаа борбеност и карактер, но сепак домаќинот успеа да стигне до триумф со резултат 19:16 (9:7).

Натпреварот започна израмнето, со игра гол за гол до 12-тата минута кога Елче поведе со 5:3. Ѓорче брзо израмни на 5:5, но следуваше серија од три гола на шпанскиот состав за ново водство од 8:5. До крајот на првото полувреме македонскиот тим се обидуваше да ја намали разликата, но Елче успеа да замине на пауза со предност од два гола 9:7.

Во второто полувреме шпанската екипа ја контролираше играта, но Ѓорче не се предаваше и во 42-та минута успеа да израмни на 13:13. Следуваше возбудлива завршница со израмнета игра и неколку промашени шанси од двете страни. Сепак, Елче во 57-та минута се одлепи на 17:16 и со уште два гола во финишот го потврди својот триумф 19:16.

Најефикасни од екипата на Ѓорче Петров беа Исич со четири и Ризоска со три гола.

Реванш натпреварот ќе се одигра утре во истиот термин на пладне 12 часот, во СЦ „Јане Сандански“.

Ивона Кимовска