Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 13 и 18 ноември ќе биде домаќин на два квалификациски натпревари за Европското првенство 2027 против селекциите на Шведска и Полска. Двата натпревара ќе се одиграат на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Селекторот Горан Станиќ денеска го објави списокот на фудбалери:
Голмани: Васко Василев (Работнички), Љупче Џеков (Силекс), Славе Вргов (А.П. Брера);
Одбрана: Давид Даилоски (Венло, Холандија), Андрија Димески (Вождовац, Србија), Анес Мелиќи (Шкендија), Ѓорге Џеков (Силекс), Реџеп Мурати (Башкими), Меметриза Хамза (Струга Трим Љум), Џезаир Авдули (Арсими);
Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Шабан Зенку (Струга Трим Љум), Адриан Зенделовски (Олимпик, Шведска), Матео Софијаноски (Македонија Ѓ.П.), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Матеј Гаштаров (Црвена звезда, Србија);
Напад: Михаил Талевски (Вардар), Димитар Данев (Вардар), Кире Стојанов (А.П. Брера), Мухамед Елмас (Македонија Ѓ.П.), Дашмир Елези (Работнички), Димитар Трајков (Работнички);
Нè очекуваат два тешки натпревари против селекции кои играат модерен и брз фудбал, но ние имаме квалитет да се спротивставиме на било кој противник. Ќе играме храбро, како и на секој натпревар и целта ни е да постигнеме позитивен резултат.
Што се однесува до составот, повик добија двајца нови фудбалери кои со своите игри во клубовите го заслужија повикот, Матео Софијаноски од Македонија Ѓ.П. и Реџеп Мурати од Башкими. Добро е што сите останати фудбалери имаат солидна минутажа во своите клубови и со тоа ја одржуваат формата на потребното ниво за ваков тип на натпревари.“, изјави Станиќ.
По четири кола од групата за пласман на ЕП 2027, Македонија има победа против Ерменија. Полска и Италија се на првите две места со максимални 12 бодови.




































