Интересни и ефикасни натпревари беа одиграни вечерва во рамките од 3.коло во Лигата на шампионите.
Од фаворитите, Барселона се спаси од пораз на гостувањето во кај Клуб Бриж. Домашниот тим во два наврати имаше два гол предност, а постигна и четврти кој беше поништен, па резултатот остана 3-3. Португалскиот интернационалец Карлос Форбс беше двоен стрелец за белгиската екипа, за која гол постигна и Тресолди. Барса губеше со 0-2, а преку Феран Торес и Јамал успеа да израмни. Сепак, Форбс со својот втор гол донесе предност за Бриж со 3-2. Барса повторно успеа да го израмни резултатот благодарение на автоголот на Гркот, Цолис. Иако домашниот тим постигна и четврти гол, сепак беше поништен поради прекршок над Шчешни, па Барса се спаси од пораз.
Иако требаше да биде дерби на вечерта, Манчестер Сити лесно и убедливо славеше над Борусија Дортмунд со 4-1. На овој натпревар Фил Фоден беше двоен стрелец, а во меѓувреме и Халанд постигна гол. Антон во 72.минута беше стрелец на голот на Борусија, а во судиското дополнение Черкин ги постави конечните 4-1.
Европскиот вицепрвак Интер се изнамачи да го победи составот на Каират Алмати, а натпреварот во Милано заврши со 2-1. Победа пред своите навивачи оствари и Њукасл, а на гостински терен се радуваа Баер Леверкузен и Галатасарај. Англискиот Челзи на гостувањето кај Карабах само бод освои играјќи 2-2.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 3.КОЛО
МАНЧЕСТЕР СИТИ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 4-1
КЛУБ БРИЖ – БАРСЕЛОНА 3-3
ИНТЕР – КАЈРАТ АЛМАТИ 2-1
ЊУКАСЛ – АТЛЕТИК БИЛБАО 2-0
АЈАКС – ГАЛАТАСАРАЈ 0-3
БЕНФИКА – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 0-1
ОЛИМПИК МАРСЕЈ – АТАЛАНТА 0-1
ПАФОС – ВИЉАРЕАЛ 1-0
КАРАБАХ – ЧЕЛЗИ 2-2


































