Роберто Мартинез со две убедливи победи ја почнува својата епизода во репрезентацијата на Португалија. По убедливата победа над Лихтенштајн со 0-4, селекцијата на Португалија вечерва беше уште поубедлива, па со 0-6 го демолираше Луксембург на гостински терен.
Првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо уште во деветтата минута ја најави голеадата, кога при одлично додавање на Мендеш го отвори резултатот.
Само шест минути подоцна, Жоао Феликс беше проигран од Бернардно Силва, па со одличен удар со глава ја зголеми предноста на 0-2.
Токму асистентот на вториот гол, Бернардо Силва во 18-тата минута со мајсторски удар со глава донесе убедливи 0-3. За да 13 минути подоцна, Кристијано Роналдо повторно се запише во листата стрелци за 0-4.
Португалците во второто полувреме влегоа порелаксирани, а селекторот Мартинез даде шанса на повеќе играчи, а клучно за продолжението беше влегувањето на Рафаел Леао во 75-тата минута. Напаѓачот на италијански Милан, во 77-та минута му асистираше на Отавио за покер во мрежата на Луксембруг.
Во 85-тата минута судијата Петреску од Романија досуди пенал за Португалија, а одговорноста ја презеде Леао, но ударот на португалскиот напаѓач го одбрани голманот Морис.
Сепак Леао успеа да се искупи за промашениот пенал па само три минути подоцна, во 88-та минута го совлада Петреску за конечни 0-6.
Португалија сега има 6 бода и е на чело на табелата во групата Ј, со гол разлика 10:0.