Италија лесно го победи својот близок сосед, Малта и ја оствари својата прва победа во групата Ц од квалификациите за ЕВРО 2024, во која настапува и Македонија.

„Аѕурите“ брзо го преболела поразот на домашен терен од Англија пред три дена (1-2) совладувајќи ја Малта од 0-2.

Со одличниот гол со глава Ретегуи во 15 минута  и донесе водство за Италија, а кратко по него и Песина го матираше гостинскиот голманот во 27 минута за 2-0 што подоцна се покажа како конечен резултат.

Актуелниот европски шампион сега следува подолга пауза се до 9 септември кога „Аѕурите“ ќе гостуваат во Скопје. 

Во меѓувреме во Ц групата во јуни месец ќе се одиграат две кола во кои Македонија прво ќе ја пречека Украина, а потоа ќе и гостува на Англија

3 КОЛО 16.06.2023
20:45 часот МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА
20:45 часот МАЛТА – АНГЛИЈА
4 КОЛО 19.06.2023
20:45 часот АНГЛИЈА – МАКЕДОНИЈА
20:45 часот УКРАИНА – МАЛТА

Табела: Англија 6 бодови, Италија 3, Македонија 3, Украина 0 и Малта 0.