Битолски пелистер ја оствари петата победа во мапката кошаркарска Супер лига.

На натпреварот од 5.коло, одигран попладнево во Скопје, пелистерци го совладаа составот на Ангели со 76-100.

По релативно израмнетата прва четвртина која зелено-белите ја добија со пет разлика (17-22), фаворитот во втората додаде уште 20+ па на одмор замина со водство 29-54. И во вториот дел избраниците на Даскаловски доминираа и постепено ја зголемуваа предноста која најмногу изнесуваше 32 поени, за на крајот да слава со +24.

Американецот, Прајс со 18 и Србинот, Малешевиќ со 15 постигнати поени беа двајцата најефикасни во редовите на победничката екипа. Во тимот на Ангели прв стрелец беше Никола Кацарски со 19, а Павел Атанасов заврши со 14 поени.

пелистер сега е на врвот на табелата со максимален ефект 5 од 5, а дали ќе биде сам со таков учинок останува да видиме по натпреварот Феникс – ТФТ. Имено и составот од Тафталиџе досега не знае за неуспех. Тој натпревар е последниот од денепната програма и коло, а ќе се игра во „Јане Сандански“ од 20 часот.

Претходно (19 часот) во СЦ „Кале“ ќе играат Маџари и Тиквеш.

Следете нé на социјалните мрежи