Ривалството меѓу најтрофејните кошаркарски клубови во Македонија, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, датираа многу одамна. Иако тимот од „Градски парк“ повеќе години е во подредена улога, сепак сеуште е најтрофеен.

Работнички е во исчекување на „кам-бекот“ во својот дом, салата „Градски парк“ која е во завршна фаза на реконструкција. Кога ќе се игра големото дерби во овој спортски објект, останува времето да покаже.

Сепак, навивачите на МЗТ Скопје Аеродром, веќе ставија „потпис“ во домот на Работнички.

Имено, некому очигледно му се погодија тазе фарбаните бели ѕидови, па решил, да ги „освежи“! Така наместо „Сити Парк Бојс“ да ја сефтосаат салата тоа го направија ривалите на „Фемили Аеродром“.

Фотографијата во прилог, говори повеќе од зборовите.