Актуелниот првак тимот на Ѓорче Петров го доби дербито против Вардар во дуелот од 2.коло на плејоф конкуренцијата во женската ракометна Супер лига.
Ѓорчепетровки славеа победа со три голови разлика 29:26 со што го одржаа максималниот ефект.
Натпреварот стартуваше со цврста одбрана на двете страни и голема борба за секоја топка. Се играше на почетокот гол за гол се додека домаќинот не поведе со +4 (8-4). Домаќинките ја одржуваа разлика до 22.минута која вардарки успеаја да израмнат на 11-11. Но, домаќинот не дозволи никакво изненадување и на полувреме замина со +4 (17-13).
Вардар се трудеа да ја намалат разликата, но домаќините не им дозволуваа се до 25-тата минута кога гостинките успеаја да стигнат и 24-24.
Двете екипи покажаа врвен ракомет, но грешките го решија победникот. Ѓорчепетровки ги искористија грешките на вардарки и не дозволија изненадување, па крајот натпреварот резултатот гласеше 29:26 за Ѓорче Петров.
Од кај победничката екипа најмногу се истакна Теодора Дукоска со осум гола, додека од кај гостите, а воедно и на натпреварот, најефикасна беше Сара Стефановска со 11 гола.
Во вториот денешен натпревар Куманово славеше на гостувањето во Автокоманда кај Металург. Преостанатите две средби од ова коло се играат утре
Ѓорче Петров е убедливо прва сега со 23 бода, пред Чаир и Куманово кои имаат по 15, додека Металург и Вардар се по нив со 13 бодови.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – КОЛО 2 (ПЛЕЈ ОФ и АУТ)
САБОТА
МЕТАЛУРГ – КУМАНОВО 22-26
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВАРДАР 29-26
НЕДЕЛА
16:00 ч. СТРУЖАНКА – ПЕЛИСТЕР
20:00 ч. ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЧАИР
Ивона Кимовска