Ракометарите на ГРК Тиквеш со нова победа во рамки на Супер лигата – плеј оф ги задржаа шансите за третото место на табелата и ја продолжуваат борбата со Алкалоид за таа позиција. Кавадарчани вечерва го совлдаа вториот тим на Еурофарм Пелистер на домашен терен со 30:26 (15:13) и сега имаат два бода (10) помалку од Алкалоид (12).

По стартните 2:2 избраниците на тренерот Данило Брестовац поведоа со 7:2, а битолчани успеаја само да намалат на два негатива (8:6) и таа предност беше актуелна до полувремето. Гостите од Битола на почетокот на вториот дел изедначија 15:15 и нерешено беше се до 19:19, кога повторно Тиквеш се „одлепи“ што беше решавачко за победата.

Најефикасен на дуелот беше Павле Петровиќ од Еурофарм Пелистер 2 со 8 голови, додека кај Тиквеш Дарко Кондев беше стрелец на 7 голови.

Утре од 18 часот се игра дербито на колото Вардар – Еурофарм Пелистер,