Двете македонски екипи кои не преставуваат во ракометниот Европски куп, одиграа дијаметрално спротивно.
Кавадарчани, се пред елиминација во втората рунда, а охриѓани пред пласман во третата.
Тиквеш постигна само три гола во едно полувреме
Ова откако попладнево прво ракометарите на Тиквеш загубија убедливо со 20-31 на гостувањето во Турција кај Бешикташ.
Тимот на Тиквеш во првото полувреме постигна само три гола, па јасно беше кој е кој во тој натпревар. Реваншот во Кавадарци ќе се игра 18 октомври (сабота од 18 часот).
Охрид славеше со 33 голови разлика
А, ракометарите на Охрид уште сега може да се радуваат на продолжување на сезоната.
Тие пред својата публика во „Биљанини извори“ го совладаа составот на Баки од Азербејџан со 44-11. Уште на полувремето и на тој натпревар, победникот беше најавен, а домаќините го добија со 17 разлика (24-7).
Така утрешниот реванш дуел во истата сала ќе биде само чиста формалност.





































