Селекторот Благоја Милевски е задоволен од освоениот бод на Македонија против моќната Белгија. Сепак, Милевски вели дека сме потфрлиле во организацијата на играта, иако за тоа влијаеше и силата на Белгија.

Можам да бидам задоволен од играта во одбрана, но не и во организација на играта. Извлековме максимум од овој натпревар, иако планот беше да имаме поголем посед, да играме и кон напред. Секако дека и противникот влијаеше на нашата игра. Белгијците имаат одлични играчи во средниот ред.

Најважно е дека вечерва го имавме тој „фактор икс“.

Да издржиме до крај и кога се браниме, да покажеме карактер. Среќни сме, останавме на првото место и сега треба да се фокусираме на следниот меч против Казахстан, и тоа веднаш. Се надевам дека не е ништо сериозно со Висар Муслиу, но ќе знаеме по 24 часа кога ќе може да се скенира повредата“, изјави селекторот Благоја Милевски на прес – конференцијата по натпреварот во Гент“, изјави Милевски.

Со овој бод Македонија го задржа и првото место на табелата во пресрет на последните два натпревари од квалификацискиот циклус за СП 2026.

Следниот е во во понеделник во Скопје проти Казахстан. Истиот ден ќе играат Велс и Белгија кој имаат бод, односно два помалку од нашата селекција, но и натпревар помалку меѓусебниот.