Репрезентацијата на Македонија дојде до херојски бод и реми од 0:0 против репрезентацијата на Белгија.
Нашите фудбалери одиграа без грешка во овој многу значаен дуел.
Одличен резултат, ако се знае моќта и реномето на Белгијците. Ниту Доку, ниту Де Брујне, кои беа најчесто користените фудбалери во нападите на домаќините, не успеаја да ја пробијат македонската одбрана за нивните соиграчи да дојдат во чиста шанса за погодок.
Столе Димитриевски имаше неколку извонредни одбрани, а Македонија креираше една изгледна прилика при крајот на мечот, по нафрлена топка кон Милан Ристовски, кој беше во добра позиција, но не успеа да бие со глава.
Со овој резултат Македонија е сеуште прва во групата Ј од квалификациите за светското првенство 2026 со 12 бода. Второ пласирана е селекцијата на Белгија со еден помалку, но и натпревар помалку, како и трето пласираниот Велс кој заостанува два бода. Веќе во следното коло Белгија му гостува на Велс.
Казахстан кој е четврти, а денеска го победи Лихтенштајн, е следниот противник на Македонија.
Натпреварот Македонија – Казахстан ќе се игра во понеделник во Скопје.






































