Екипата на Карабах е сензација во новата сезона на Лигата на шампиони. тимот што го елиминира македонскиот првак Шканија, сега во групната фаза има учинок два од два. На другиот натпревар ова 2.коло, Њукасл дојде до убедлив триумф во Белгија против Унион СЖ.
Карабах со резултат од 2:0 дојде до втората победа во Лигата на Шампиони против Копенхаген.
Карабах е пријатно изненадување досега победувајќи ги и Бенфика во првото коло. Инспиратори на новата победа на Азербејџанците беа Абдела Зубир и Емануел Адаи со нивните голови во 28.та односно 83.та минута.
Њукасл се опорави од поразот од Барселона во минатото коло и овој пат со 4:0 триумфираше против Унион СЖ.
Њукасл покажа класи во нивниот квалитет против Белгијците и тоа се виде на теренот. Во првиот дел стрелци на головите беа Ник Волтемаде во 17.та минута и Антони Гордон од пенал во 43.та минута. Во второто полувреме, Гордон повторно од пенал зголеми на 3:0 во 64.та минута. Харви Барнс ги постави конечните 4:0 во 80.та минута.
На програмата вечерва има уште 7 натпревари од 21 часот и со тоа ќе се затвори второто коло во Лигата на Шампионите оваа сезона.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2.КОЛО
БАРСЕЛОНА – ПСЖ 21 часот
НАПОЛИ – СПОРТИНГ ЛИСАБОН
АРСЕНАЛ – ОЛИМПИЈАКОС
МОНАКО – МАНЧЕСТЕР СИТИ
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ПСВ
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – АТЕТИК БИЛБАО
ВИЉАРЕАЛ – ЈУВЕНТУС