Новата сезона во мак-баскетот официјално е отворена денеска со натпреварите за трофејот во Супер купот на Македонија.
Во СЦ „Кале“ во Скопје се играат дуелите од ова натпреварување во двете конкуренции (жени и мажи).
Кошаркарките на Баскет Кам сезоната ќе ја почнат со трофеј. Тие во дуелот со Вардар славеа победа со 64-44 и четврти пат во низа го освоија овој трофеј.
Во машка конкуренција, екипата на МЗТ Скопје Аеродром која лани ја освои шампионската и куп титулата, ќе се обиде осми пат да стигне до Супер куп трофејот.
Аеродромци и овојпат како и во финалето на националниот Куп, ќе бидат предизвикани од гевгелиски Кожув кој атакува на првиот трофеј во клупската историја.
Натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Кожув ќе почне од 19.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.