Италијанската репрезентативна одбојка е убедливо најдобрата во светот.

По дамите и машката селекција на мажите на Италија стана Светски шампиони во одбојка.

Во финалето на Мундијалот, што се одржа на Филипините, Италијанците ја оправдаа улогата на фаворити и ја победија бугарската репрезентација, која беше најголемото изненадување на првенството. Италијанците славеа во меч со четири сета со 3:1 (25-21, 25-17, 17-25 и 25-10).

Така „аѕурите“ ја одбранија титулата освоена пред две години и по петти пат се Светски шампиони.

Бронзениот медал го освои Полска која во дуелот за третото место беше подобра од Чешка со 3:1 во сетови.

Следете нé на социјалните мрежи