Новата сезона во мак-баскетот стартува денеска со два натпревари во Супер купот.
Во 14-тото издание на ова натпреварување во машки конкуренција осно петто во женска, екипите ќе атакуваат на првиот трофеј, за мотив повеќе во сезоната што претстои.
Дамите се оние кои ќе ја почнат денешпната програма во СЦ „Кале“ каде ќе се играта натпреварите.
Актуелниот шампион Баскет кам во дуелот со Вардар кој го освои купот ќе се обиде четврти пат во низа да го освои трофејот. Овој натпревар ќе почне во терминот од 17 часот.
Во 1930 часот е закажан стартот на машкиот дуел во кој ќе гледаме реприза на ланското финале во Купот. Актуелниот шампион и освојувач на Куп трофејот МЗТ Скопје Аеродром ќе биде повторно предизвикан од гевгелиски Кожув.
Аеродромци кои се најтрофејни во ова натпреварување ќе атакуваат на осмиот успех, а гевгеличани ќе се обидат прв пат во клупската историја да освојат пехар.
Двата натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.