Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија на 27 и 28 септември во хотелот „Пела“ во Охрид ќе одржи редовен годишен едукативен семинар. Toj е и задолжителен, за одбојкарските судии и делегати во пресрет на новата натпреварувачка сезона 2025/2026.

Целта на семинарот е континуирано професионално унапредување на одбојкарските судии, размена на искуства, усогласување со актуелните и новите меѓународни правила. Воедно, ќе се спроведе и задолжителното тестирање за активните судии и делегати.

Главен предавач на семинарот ќе биде ФИВБ инструкторот Зорица Бјелиќ. Србинот е истакнат меѓународен судија и актуелен судиски делегат, со долгодишно искуство во судиска едукација, обучувач на највисоко ниво и редовен предавач на светските и европските судиски семинари.

Дводневната работна програма опфаќа предавања на различни теми, каде Бјелиќ ќе има четири предавања. Едно од нив е „Интерпретација на новите правила во врска со двојно одигрување на играта и позиција на играчите“. Со за ова предавање испрати покана за присуство и на тренерите од државните лига на ОФМ.

Судиската организација во пресрет на овој Семинар, отвори јавен повик за нови судии. Досега се има пријавено десет нови потенцијални судии, на кои предавања ќе им одржат националниот судија Александар Цеков и меѓународниот делител на правда Елеонора Петровска.

Судиите и делегатите ќе подлежат и редовното годишно тестирање, а резултатите од истото се клучни за рангирањето и ангажманот во националните првенства сезонава.

Следете нé на социјалните мрежи