Новата сезона во македонската клупска одбојка почнува наскоро. Со извршената ждрепка познати се календарот и распоредот на натпревари во двете конкуренции.
Дамите сезоната ќе ја полнат први и тоа на 11 октомври. Јанта Волеј КВ одбраната на шампионската титула ќе ја стартуваат во Битола, во дуелот со Пелистер.
Според пропозициите за натпреварување, дамите во есенскиот дел од сезоната играат двокружен бод систем, дома – гости. По комплетирањето на лигата, првите осум екипи играат во четвртфиналето од плеј-офот во два добиени натпревари, од кои ќе се добијат полуфиналистите од првенствениот плеј-оф, односно екипите кои ќе играат за шампионскиот пехар.
ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
Пелистер Волеј – Јанта Волеј КВ
Ускана Волеј – Вардар ЕМ
Наковски Волеј – Газели Волеј
Младост УГД – Фит Фан Волеј
Работнички Скопје – Струмица жени
Најсилната машка лига сезонава ќе брои 12 екипи со оглед на тоа дека Вардар 1947 не достави пријава за настап во Првата лига во новата сезона. Шампионот Струмица 47&72 одбраната на титулата да ја стартува на домашен терен против Јанта Волеј.
Кај мажите по првиот дел од сезоната, ќе одиграат 11 натпревари по еднокружен бод систем. Првите шест екипи ќе играат во плеј-офот пренесувајќи ги бодовите од првиот дел. Се игра двокружно „секој со секого“ и потоа првите четири екипи обезбедуваат пласман во полуфиналето.
ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА
Работнички 71&22 – Скопје
ГОК Борец – Лирија
Струмица 47&72 – Јанта Волеј
Универзитет во Тетово – Шкендија
Весна Пробиштип – Македонија Џио
Сушево 1978 – Штип УГД





































