Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да направат изненадување и да се вратат од Париз не поразени, во вториот натпревар во Лигата на шампионите.

Пелистерци одиграа храбро 45.минути на гостувањето кај ПСЖ, но на крајот загубија со шест гола разлика.

Во првата полувреме двата имаа имаат свои добри минути на игра. Рамноправно се играше се до 7:7, по што домаќините постигнати четири во низа. ПСЖ во два наврати имаше и пет голови позитива, но во финишот на првиот дел Пелистер успеа да анулира и на полувреме да замине со израмнета 16:16.

Вториот дел битолчани го стартуваат фантастично, а со серии од 5-2 во 38.минута има три гола предност 21:18 и 22:19. Францускиот гигант го подигна нивото на одбраната, па во 44.минута израмни на 23:23.

Не издржаа битолчани во налетот на ,,светците”, па на крајот ПСЖ славеше со 33:27.

Цо следното коло, Еурофарм Пелистер во Битола ќе го пречека ГОГ во среда (24 септември), а во недела ќе гостува кај Алкалоид во Автокоманда.

Следете нé на социјалните мрежи