Вчерашниот почеток на групната фаза во Лигата на шампионите најавува интересна сезона. Неизвесната и богати со голови натпревари, ветуваат дека и во продолжението ќе гледаме интересни натпревари.

Првата рунда денеска носи нови шест натпревари, особено оние што ќе се играат во вечерниот термин.

Екипата на ПСЖ одбраната на шампионската титула ја почнува на домашен терен против незгодната италијанска екипа на Аталанта.

Еден од фаворитите за највисок пласман, англискиот првак Ливерпул на „Енфилд“ го пречекува мадридски Атлетико. Тимот на Челзи кој одлично ја почна сезоната во Премиер лигата, добрата форма ќе треба да ја докаже во Минхен на гостувањето кај Баерн. Интересно се очекува да биде и во Амстердам каде кај Ајакс ќе гостува италијанскиот вицепрвак Интер.

Следете нé на социјалните мрежи

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1 КОЛО

ЧЕТВРТОК
БРИЖ – МОНАКО 18.45 часот
КОПЕНХАГЕН – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 18.45
МАНЧЕСТЕР СИТИ – НАПОЛИ 21.00
ЊУКАСЛ – БАРСЕЛОНА 21.00
АЈНТРАХТ – ГАЛАТАСАРАЈ 21.00
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – КАЈРАТ 21.00