Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија и следниот јануари ќе биде дел од голем настан, Европскиот шампионат.

Како дел од подготовките за Европското првенство, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе ја искористат ЕХФ неделата за одигрување на контролни натпревари.

Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, на денешната средба со новинарите информира дека е закажан двомеч со Јапонија.

„Сакаме што е можно подобро подготвени да го дочекаме настапот на ЕП. Затоа уште од сега размислуваме како да ги овозможиме сите оптимални услови на ракометарите за тоа.

Во комуникација сум со селекторот Лазаров, со кој деновиве треба и да оствариме средба, на која ќе ги дефинираме планот и деталите на подготовките“, изјави Стефанов.

Дуелите меѓу Македонија и Јапонија ќе се играат во Скопје на 30 октомври и 1 ноември.

Следете нé на социјалните мрежи