Супер ефикасна и со големи изненадувања и возбудивања мина првата вечер во групната фаза на Лигата на шампионите.
Борусија Дортмунд и Јувентус го одиграа натпреварот на колото на стартот на новата сезона. Со 4:4 и неверојатно реми и голеада го одбележа натпреварот на денот. Првото полувреме донесе здодевност, но затоа второто ги донесе сите 8 гола. Адејми постигна гол во 52.та минута за 1:0 за Јуве. Кенан Јилдиз во 63.та минута изедначи на 1:1, но во 65.та Нмеча го врати водството на Дортмунд на 2:1. Влаховиќ изедначи на 2:2 во 67.та минута. Јан Куото во 74.та и Бенсебаини од пенал во 86.та донесоа резултат од 4:2 за Дортмунд. Но „жолтиот ѕид” беше срушен со головите на Душан Влаховиќ во 94.та и Лојд Кели во 96.та донесоа реми на натпреварот.
Реал Мадрид потешко од очекувањата триумфираше над Марсеј со 2:1. Најпрво се повреди Трент во 4.та минута, а потоа Веа даде гол за 1:0 за Марсеј. По пеналите на Мбапе во 29.та минута во првиот дел и 81.та во вториот Реал Мадрид дојде до тежок триумф. Дани Карвахал заработи црвен картон во 70.та минута.
Карабах ги изненади со пресврт победата над Бенфика со 3:2. Бенфика водеше со 2:0 со головите на Баренча во 6.та и Павлидис во 16.та минута. Потоа Карабах со головите на Леандро Андраде во 30.та, Камило Дуран во 48.та и Олекси Кашчук во 86.та ги изненади Португалците и тоа на гостински терен.
Екипата на Тотенхем триумфираше против Виљареал со 1:0. Единствениот гол беше автоголот на голманот на Виљареал Луиз Жуниор во 4.та минута.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1. КОЛО
ВТОРНИК
ЈУВЕНТУС – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 4-4
РЕАЛ МАДРИД – ОЛИМПИК МАРСЕЈ 2-1
ТОТЕНХЕММ – ВИЉАРЕАЛ 1-0
БЕНФИКА – КАРАБАХ 2-3
АТЛЕТИК БИЛБАО – АРСЕНАЛ 0-2
ПСВ – РОЈАЛ УНИОН 1-3