Ракиметаеите на Бутел не ја минаа првата пречка на ЕХФ Европскиот куп

Бутелчани од готово направија вересија, па со примен гол во последната секунда се простија од европската сцена.

Бутел е елиминиран во првото квалификациско коло, од тимот на Дуделнж од Луксембург.

Откако на гостувањето пред една седмица славеа со четири разлика (31-27), бутелчани денеска во реваншот загубија со пет разлика. Натпреварот одигран во СЦ ,,Јане Сандански”, Бутел го победи Дуделанж со 24-29.

Гостите одиграа добро четириесетина минути во кои успеаја да ја анулираат и негативата. Дуделанж имаше предност од 14-18. Следуваше серијата на македонскиот тим од 7-2 па Бутел во 50.минита поведе со 21-20.

И наместо мирно да го одведат мечот до крај, бутелчани со број тие грешки му дадоа втора шанса н противникот. Дуделанж возврати со иста серија и на 2 минути и 30 секунди до крајот имаше пак четири предност 23-27. Македонскиот тим во последната минута намли на -3, а на 20.селунди пред крајот имаше четири негатива. Не сакајќи седмерците да решаваат, во последниот напад ракометарите на Бутел избрзана и направија грешка. Укажаната шанса гостите од Луксембург ја искористија и казнија со гол во последната секунда, па на крајот тие се радуваа.

Екипата на Бутел не успеа да им се приклучи на Охрид и Тиквеш во второто квалификациско коло чии први натпревари ќе се играат на 11 и 12 октомври.

Следете нé на социјалните мрежи