Македонскиот првак Еурофарм Пелистер подготвен и со нетрпение го чека стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.

Утревечер во Битола гостува поранешниот европски првак хрватскиот Загреб. Отворањето на сезоната е пред домашната публика, што секако е мотив повеќе за пелистерци со победа да стартуваат. 

Среќен сум што ќе го пречкаме Загреб со најдобриот состав. Имавме неколку повредени ракометари кои изостанаа за пријателските натпревари и Суперкупот. Сега сите сме спремни и ќе го пречекаме Загреб. Лигата на шампионите сама по себе е голем мотив и ние ја заслуживме по ланската сезона. Максимално сме мотивирани, знам дека ќе имаме помош од нашите навивачи и очекувам полна сала.

Максимално се подготвуваме и го респектираме Загреб. Не треба да зборуваме за историјата на Загреб, мотивирани сме и сакаме со позитивен резултат да ја почнеме Лигата на шампионите. Загреб има искусни ракометари.

Со Игор Карачиќ добија многу во нападот. Тој ќе ги спои бековите, искусен е, поминал многу и знае како се игра на Балканот. Сигурно ќе биде мотивиран заради неговото минато со Вардар, клуб со кој ја освои Лигата на шампионите.

Сепак, нашиот фокус е на нашата игра, нашата одбрана. Мислам дека сезонава ќе бидеме многу посилни, засилувањата добро се вклопија и изградивме добар систем. Имаме позитивна атмосфера и мислам дека тоа ќе биде клучот за наш успех во среда“, вели капитенот Филип Кузмановски.

Македонскиот шампион, ќе биде дел од Б групата. Таму за противници покрај Загреб ќе ги има и актуелниот европски првак, германскиот Магдебурег, шпанската Барселона, францускиот ПСЖ. Тоа секако се фаворитите за највисок пласман, но тука се и екипите на Висла Плоцк (Полска), ГОГ (Данска) и Пик Сегед (Унгарија)

Утрешниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб ќе се игра во терминот од 20.45 часот. 

Следете нé на социјалните мрежи