По репрезентативната пауза, денеска и утре ќе се одиграат последните четири натпревари од првата рунда во фудбалскиот Куп на Македонија.
По неа ќе ги дознаеме последните четири екипи што ќе обезбедат пласман во осминафиналето.
Во Прилеп, попладнево ќе играат Победа ќе биде домаќин на Башкими.
Натпреварот че почне од 15.30 часот, термин во кој за утре се закажани останатите три натпревари.
Во Гевгелија, Кожув ќе го пречека Шкупи, а во Автокоманда, Скопје е домаќин на Тиквеш. Во Тетово, шампионот Шкендија е апсолутен фаворит во дуелот со Јени Маале .



































