38-мото издание на Охридскиот пливачки маратон е прекинато. Причината е невремето кое го зафати тој регион.

По минати повеќе од половина од 25 километарската патека и борбата со брановите и ветрот на маратонците, организаторите беа принудени да ја прекинат трката.

„Големото невреме проследено со високи бранови предизвика проблеми кај пливачите. Констатирана е моменталната состојба на маратонците и по сублимирање на податоците ќе биде прогласен победникот. Согласно правилата, доколку временските услови не дозволуваат по поминати две третини од патеката, трката се прекинува“, појасни судијата Марјан Бошалевски.

Инаку на стартот на кај Свети Наум, утрово трката ја почнаа 16 пливачи (10 во машка и 6 во женска конкуренција) од шест земји.