Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција, Љуботен денеска игра нов натпревар во Лигата на шампионите.

Тетовската екипа е дел од мини-турнирот во Белгија во рамките на втората квалификациска рунда за елитното натпреварување.

Љуботен за противник во полуфиналето на овој турнир го има шведскиот шампионот тимот на Розенгард. Овој натпревар ќе почне во терминот од 13 часот. Победникот ќе игра во финалето закажано за во сабота (30 август), против подобриот од дуелот Сараево од БиХ и ОХ Лувен од Белгија.

Само победникот од овој турнир ќе обезбеди пласман во следната (трета) квалификациска фаза за женската фудбалска Лига на шампиони.

Следете нé на социјалните мрежи