Управниот Одбој на ФФМ донесе одлука со која се утврдуваат цените на влезниците за натпреварот Македонија – Лихтенштајн во квалификациите за СП 2026.

Цените на влезниците изнесуваат 300 денари за западната, 400 денари за билет за јужна трибина (блок 1, 2, 5 и 6) и северна трибина (блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24). Најскапите карти ќче се продаваат по 500 денари за влезница од Прва категорија, северна трибина (блок 21 и 23) и јужна трибина (блок 3 и 4);

Фудбалската федерација на Македонија ќе им овозможи бесплатен влез на источната трибина на младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории (пионери, помлади пионери, кадети, младинци) во клубовите во системот на натпреварување на ФФМ.

Натпреварот Македонија – Лихтенштајн од 5.коло во групата ќе се одигра на 7. септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Следете нé на социјалните мрежи