Пред женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија се последните два меча во евро-квалификациските.
Македонските одбојкарки ги очекуваат дуелите против Австрија и Грција.
Поразите во првите меѓусебни дуели со овие селекции реални ги намалија шансите за конечен успех, но, желбата за докажување секако е голема.
Прв противник, вечерва, е селекцијата на Грција која е главен фаворит во оваа конкуренција, а која со максимален резултат ги доби првите два меча.
Дуелот Македонија – Грција што ќе се игра во сала „Борис Трајковски“, ќе почне во терминот од 20 часот.

































