Фудбалерите на Вардар славеа минимална, но заслужена победа во против швајцарската Лозана, во меч од Конференциската лига.

Во првиот натпревар од второто квалификациско коло, вечерва пред своите навивачи во Скопје, Вардар ја победи Лозана со 2-1.

Вардарци беа многу подобар тим во првиот дел. Создадоа неколку изгледни прилики, но на радост се чекаше се до судиското дополнение.

Имено се играше втората минута во продолжението (45+2), кога по ударот на Тодорвски и одбраната на гостинскиот голман, топката се одби до Мато, кој не пропушти да ја смести во мрежата на Лозана.

Во вториот дел, тимот од Швајцарија уште од самиот старт тргнаа многу по офанзивни кон голот на Вардар. Во неколку наврати гостинските фудбалери го загрозуваа голот на Талевски.

Сепак нивната упорност се исплатеше, па со прекрасниот еврогол на Диаките во 59.минута, тимот на Лозана успеа да израмни на 1-1.

Во 66-минута по една брза контра од десната страна Мато пропушти голема можност повторно да се запише во листата на стрелците. Неговиот обид овојпат го одбрани гостинскиот голман, па резултатот остана 1-1.

Речиси идентична беше ситуацијата и единаесет минути подоцна, но и тогаш швајцарскиот голман излезе како победник.

Сепак по изведениот корнер на вистинското место се најде Азер Омерагиќ кој ја затресе мрежата на противникот и нова радост и водство на вардарци од 2-1.

Иако гостинскиот тим до крајот на мечот со сите сили се обидуваше повторно да ја анулира негативата, сепак вардарци знаеја како да ја сочуваат предноста. Најголемата и тоа двојна шанса гостите ја пропуштија во осмата минута од судиското дополнение.

На задоволство на „Комитите“ и сите симпатизери на црвено-црните, Вардар славеше со конечни 2-1.

Реванш натпреварот во Швајцарија ќе се игра, за седум дена (31 јули) од 20.15 часот.

Следете нé на социјалните мрежи