Рен направи изненадување на „Паркот на принцовите“ и со 2:0 го совлада шампионот и лидер на табелата ПСЖ.

Натпреварот започна со шанси на двете екипи, но во последната минута во првото полувреме Карл Токо Екамби донесе водство за гостите.

Покрај тоа што се запиша во листата на стрелци, Карл Токо Екамби го асистираше вториот гол на натпреварот кој го постигна Калимуендо во 49 минута.

Тимот на Голтие (ПСЖ) имаше повеќе шутеви кон противничкиот гол, сепак не се прослави домашен гол на „Паркот на Принцовите“ и победата ја однесоа гостите.

Победата за Рен е од голема важност бидејќи се искачи на петтата позиција во Лига 1.

Поразот на ПСЖ не смени многу во врвот на табелата. ПСЖ со 66 поени се на лидерската позиција, додека Ленс е втор со 57 поени, а Олимпик Марсеј е трет со 56 поени.