Макеоднските преставници Вардар и Алкалоид ги дознаа групите во кои ќе играат во ЕХФ Европската лига.

Вицепрвакот Вардар директно обезбеди пласман во групната фаза, додека Алкалоид ќе мора да мине една квалификациска рунда.

Вардарци ќе играат во Ф групата сигурни против шведскиот Кристијанстад и францускиот тим на Тулуз. Третиот противник на црвено-црните ќе биде познат по квалификацискиот дуел на двете хрватски екипи Дуго Село и Сесвте.

Токму подобриот од тој двомеч ќе биде и првиот противник на Вардар и тоа на домашен терен на 14 октомври.

Распоред на Вардар – група „Ф“

14.10.2025 Вардар – Дуго село/Сесвете
21.10.2025 Тулуз – Вардар
11.11.2025 Вардар – Кристијанстад
18.11.2025 Кристјанстад – Вардар
25.11.2025 Дуго Село/Сесвете – Вардар
02.12.2025 Вардар – Тулуз

Ракометарите на Алкалоид пак, прво ќе имаат тешка задача во квалификациите во кои го добија најтешкиот можен противник. Тимот од Автокоманда ќе треба да го мине германскиот Хановер, а потоа да размислува за противниците во групната фаза.

Во неа, Алкалоид би играл во Г конкуренцијата во која се тимовите на Фредериција и Татран, а ќе игра и победникот од дуелот меѓу Савехов и Малме.