Ракометарите на Алкалоид немаа среќа во денешната ждрепка за квалификациите за ЕХФ Европската лига.

Тимот од Автокоманда кој како освојувач на Европскиот куп се стекна со право за настап во второто по квалитет натпреварување. Во него го доби најтешкиот можен противник.

Ривал на Алкалоид во втората квалификациска рунда ќе биде германската екипа на Хановер.

Првиот дуел ќе се игра во Германија на 30/31 август, а реваншот во Скопје е седум дена подоцна (6/7 септември).

Доколку избраниците на Кирил Лазаров го минат Хановер тие ќе се пласираат во групната фаза, каде веќе обезбедено место има Вардар.