Новиот формат на Светското клупско првенство донесе фудбалско шоу, но и финансиска „експлозија“. ФИФА подели околу 856 милиони евра меѓу најдобрите клубови на планетата. Од таа сума, 450 милиони беа наменети за учество, а 406 милиони распределени според резултатите.

За учество, тимовите од Европа добија различни суми – од 11 до 33 милиони евра – според систем на пондерирање кој ги зема предвид спортските успеси и комерцијалната моќ.

Останатите континенти добија фиксни износи: Јужна Америка – 12,8 милиони, Азија, Африка, Северна и Централна Америка – 7,9 милиони и Океанија – 3 милиони евра.

Разбирливо, новиот светски првак англискиот Челзи заработил најмногу, речиси 100 милиони евра, десет повеќе од финалистот ПСЖ. Екипата на Оукленд ќе инкасира 3,8 милиони евра што е повеќе од нивната вкупна минатогодишна заработка.

ФИФА не ги потврди точните вредности за секој европски клуб, па проценките ги презентира „Swiss Ramble“ користејќи го коефициентниот систем на УЕФА.

Клубска заработка

  • Челзи – 97 милиони €
  • ПСЖ – 90
  • Реал Мадрид – 76,8
  • Флуминенсе – 58
  • Баерн Минхен – 49
  • Борусија Дортмунд – 44,3
  • Манчестер Сити – 43,6
  • Палмеирас – 33,6
  • Интер – 30
  • Ал Хилал и Бенфика – 28,8
  • Јувентус – 22,6
  • Порто – 20,3
  • Атлетико Мадрид – 20
  • Монтереј и Интер Мајами – 17,9
  • Ривер Плата – 15,3
  • Бока Јуниорс – 14,5
  • Салцбург – 9,8
  • ЛА ФК – 8,8
  • Пачука, Вајдад, Услан, Урава, Сиетл Саундерс – 7,9
  • Окленд – 3,8