Екипите на Вардар и Соколи кои се на првите две позиции на второлигашката табела, немаа многу мака да стигнат до нови победи.

Вардарци до 16-тата дојдоа на гостувањето во Македонска Каменица кај веќе „отпишаниот“ Баскет Кам кого го совладаа со 23 разлика.

Штипјани пак го победија составот на Охрид со +17, а највисоката победа во оваа 19-та рунда ја оствари Куманово совладувајќи ги Ангели со +25.

Во првиот меч од денешната програма Шкупи со 23 разлика го победи тимот на Водно Санс.

Колото ќе биде комплетирано утре со двата натпревари во Скопје, првиот во „Градски парк“, а вториот во СЦ „Кале“

ВТОРА ЛИГА – 19.КОЛО
САБОТА 
БАСКЕТ КАМ – ВАРДАР 66-90
СОКОЛИ – ОХРИД 90-73
КУМАНОВО – АНГЕЛИ 85-60
ШКУПИ – ВОДНО САНС 95-72
НЕДЕЛА 
РАБОТНИЧКИ – ЦРН ДРИМ (13.00 ч)
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – БОРЕЦ БАСКЕТ (15.00 ч.)