Екипите на Еурофарм Пелистер и на Пролет обезбедија пласман во полуфиналето на Купот на Македонија откако со победи ги завршија натпреварите од четвртфиналните групи. Во другите две групи полуфиналистите ќе бидат познати по утрешните дуели. Денешните натпревари по групи минаа без изненадувања, со неколку неизвесни дуели, а пред се тоа беше на натпреварите во салата во Автокоманда каде Вардар Неготино го совлада Прилеп, а Алкалоид беше подобар од Бутел. Двата натпревара завршија со еден гол разлика.

Во Битола Еурофарм Пелистер во финалето од групата го совлада Тиквеш со . Екипата на Пролет славеше во дуелот со Е.Пелистер 2 со 30:26.

Резултати по групи:

Група 1: Вардар – Охрид 38:30 и Јуниор Кисела Вода – Скопје 2020 38:30. Финале Вардар – Скопје 2020.

Група 2: Радовиш – Еурофарм Пелистер 2 17:32 и Пролет – Голден Арт КЛ7 26:25. Финале Пролет – Е.Пелистер 30:26.

Група 3: Прилеп – Вардар Неготино 28:29 и Бутел – Алкалоид 24:25. Финале Вардар Неготино – Алкалоид.

Група 4: Струга – Тиквеш 23:28 и Еурофарм Пелистер – МРК КУманово 33:21. Финале Е.Пелистер – Тиквеш 36:30.

Заврпниот турнир (Ф4) од Купот на Македонија ќе се игра на 14 и 15.мај.