Екипата на Алкалоид во драматична завршница го победи Бутел и се пласира во финалниот меч на четвртфиналната група 3 на Купот на Македонија. 

Мартин Серафимов со 11-те постигнати голови беше најефикасниот играч на победничката екипа, но последниот гол и тоа во последната секунда, постигнат по асистенцијата на Џонов и цепелин завршницата секако е најубавиот момент на овој супер неизвесен меч. 

Ваквите потези и голови се реткост на македонските ракометни терени, па сигурно дека овој гол на Серафимов ќе конкурира за најубавиот оваа сезона.