Делуваше дека работите конечно почнаа да се движат во позитивна насока за Челзи, па по лошиот старт на пролетиот дел, избраниците на Потер врзаа две победи во Премиер лигата и се пласираа во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, а денес беа на чекор од нова победа. Сепак со гол во финишот од натпреварот тимот на Евертон успеа да ја расипе таа низа
По мирните 45 минути во кој не видовме речиси ништо, следуваше супер возбудливо второ полувреме, со три регуларни гола, еден поништен поради офсајд, пенал и уште неколку шанси, за да на крајот Челзи се радува на победата.
Резултатот на натпреварот го отвори Португалецот, Жоао Феликс кој во 52-та минута со мајсторски удар од далечина го остави немоќен Пикфорд.
Само четири минути подоцна Пикфорд повторно беше совладан, овој пат од Кристијан Пулишиќ, но неговиот гол беше поништен поради офсајд ситуација.
Гостите од Ливерпул полека почнаа да се совземаат по примениот гол па во 69-тата минута по одлично изведениот корнер на Тарковски највисок во скокот беше Абдулај Докуре и со прецизен удар со глава го совлада Кепа.
Сепак краткок време траеше радоста на Евертон по изедначувањето па домаќините во 74-тата минута добија пенал, откако Џејм Таровски беше невнималтелен и стартуваше недозволено.Сигурен изведувач на ударот од белата точка беше Каи Хаверц за враќање на предноста.
Кога делуваше дека целиот плен ќе остана кај домаќините, Елис Симс со одличен пробив во 89-тата минута го совлада Кепа, кој лошо реагираше и дозволи топката да заврши зад неговиот грб, за конечни 2-2.